Што значи членството во ЕУ за квалитетот на лековите?

Што значи членството во ЕУ за квалитетот на лековите?

Во ЕУ постојат строги критериуми за пуштање во промет на медицински производи, но постои и строг надзор над медицинските производи кои се веќе пуштени во употреба. Поради строгите критериуми, по влезот во ЕУ, на пазарот ќе можат да се пуштаат само висококвалитетни медицински производи, а во случај на појава на одредени проблеми ќе се овозможи навремено повлекување на небезбедните медицински производи што веќе се наоѓаат на пазарот. Со ова ќе се унапредат и ќе се заштитат здравјето и безбедноста на пациентите.