Дали ќе можеме да се лекуваме во ЕУ?

Дали ќе можеме да се лекуваме во ЕУ?

Македонските граѓани, како граѓани на рамноправна држава членка, ќе имаат право да се лекуваат во која било држава членка на ЕУ, а при тоа трошоците за лекувањето да им бидат покриени од нивната држава. Тука се подразбираат сите здравствени услуги: дијагностика, третман, препишување на лекови и слично. Во практиката, значително ќе се олесни постапката за одобрување на лекување во странство за пациентите за кои не постои соодветен третман во Македонија, меѓутоа за првпат ќе се овозможи покривање на трошоците за лекување во странство за здравствени услуги кои се достапни во Македонија, меѓутоа за кои е потребно долго време на чекање или, пак, поради одредени здравствени специфики пациентите не се во можност да ги користат.

Исто така, особено е важно што за првпат ќе се овозможи покривање на трошоците за дијагностика во друга држава за лицата за кои долг период не може да се воспостави дијагноза, односно за лицата со ретки болести.