Луѓето отидоа во вселената а ние уште стоиме во место

„Политичарите кренаа многу фама околу референдумот, ништо не сме мрднале од статус кво, треба нешто да се промени, луѓето отидоа во вселената ние уште стоиме во место“, вели една скопјанка на прашањето на ЦИВИЛ Медиа, што мисли за престојниот референдум што ќе се одржи на 30 септември.

„Ќе гласам за подобра иднина за младите, ќе влезат повеќе странски инвестиции кога ќе се отвориме кон Европа, ќе имаме подобро здравство, образование… Меѓутоа, процесот ќе биде долг не може да очекуваме промени за кратко време“, додава друга граѓанка.

Скопјани се децидни дека треба да излезат на гласање без разлика како ќе гласаат.

„Демократко право е секој да се излезе и да се гласа на референдум, а потоа пратениците да одлучат“, вели еден граѓанин. Друг граѓанин додава: „Приватна работа е кој како ќе гласа, меѓутоа секој треба да излезе да го даде својот глас“.

„Има уште време да размилам како ќе гласам, ама во недела ќе трчам на гласање бидејќи гласачкото место ми е близу. Се надевам само добро да биде, мислам за државата, а не за партиите што се натпреваруваат, за државата е многу важно. Ние тука живееме, кај да одиме, нас никој не нè сака ние сме пензионери, меѓутоа и вие младите да се борите за вашата перспектива“, истакна една граѓанка.

Дел од граѓаните сметаат дека е Референдумот е незаконски.

„Нема да излезам на гласање“, кратко и изреволтирано искоментира еден граѓанин.

Една скопјанка вели дека иднината на земјата и на младите е само доколку Македонија влезе во ЕУ.

Дехран Муратов
Камера и монтажа: Ариан Мехмети

Сите објави од: Колумни

#ЗачекориНапред  #изборотЕтвој