Младите одлучуваат

Главната придобивка на демократијата е непосредноста во одлучувањето за прашањата кои сите не засегаат. Таква е впрочем и актулената одлуката поврзана со рефрендумското изјаснување за прашањето:Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција? Имено, од суштествена важност за нашата лична и колективна иднина е  ние самите  да решиме како ќе живееме понатаму. Во секоја демократија, па така и во „нашава”, референдумот е ретка можност да си ги кажеме нашите ставови, но, уште повaжно, да  учествуваме во обликувањето на нашата иднина. Во секоја демократија, па така и во „нашава”, референдумот е ретка можност да си ги кажеме нашите ставови, но, уште повaжно, да учествуваме во обликувањето на нашата иднина. Ова референдумско изјаснување, не е изјаснување за или против партиите – независно дали се од власта или опозицијата. Изјаснувањето е натпартиско и надетничко, оти се однесува на сите нас што живееме тука, независно од таборите. Изјаснувањето, со други зборови, ги надминува тесните партиски и етнички јадра, оти на рефрендумот се гласа по лично убедување, но ги засега сите жители на оваа земја.

Наша генерациска и граѓанска должност е  да одлучиме  дали сме за членството во ЕУ и НАТО, но уште повеќе, на рефрендумот одлучуваме и за иднината младите што живеат тука. Затоа, пред да ја донесеме таа важна одлука, треба да знаеме дека младите од Македонија сега ги  немаат истите можности како нивните европски врсници, а тоа е така, токму поради фактот што Македонија не е земја-членка. Унијата, имено, нуди огромни можности на нив, вклучувајќи ги пред се: правото на работа, на обука и образование, на патување во сите земји-членки. Членството во ЕУ со други зборови, значи, дека младите имаат право да се обучуваат и учат во која било земја на ЕУ – под исти  услови. Во оваа смисла, предностите на обуките може да се согледаат преку  еразмус шемата на Европската Унија но, освен оваа програма,  во Унијата постојат и други политики  тесно насочени кон младите. Таква е програмата како Креативна Европа , фокусирана  на промоција на културната и јазичната разновидност. Но, тука е и Специјалниот европски социјален фонд , што претставува важна  рамка на национални секторски или регионализирани програми за поддршка на подобрувањето на вработувањето и социјалната вклученост на младите.

Накратко, ЕУ ги поддржува работните места за помладите генерации со милиони евра, и финансира иницијативи за вработување на младите – напр, преку Европската Комисија – која  предвидува буџет за вработување на младите од околу  8,8 милијарди евра за периодот 2014-2020 година. Унијата исто така, изготвува посебни  младински стратегии , па така стратегијата Европа 2020 се фокусира и на младите, каде предвидува сеопфатен пакет политички иницијативи токму за образование и за вработување.  Ова на пример, ја вклучува и т.н иницијатива  вашата прва работа на euresшто е шема  за мобилност на работни места- како би се олеснило вработувањето низ цела Европа.  Слично, европскиот младински портал е посебна веб-страница наменета за помош  кон ориентирање на младите низ многуте можности што ги нуди Унијата во различни области од интерес – почнувајќи од волонтирање, работа, учење, култура,  креативност, итн.

Накратко, на референдумот на  30 септември, освен што треба да се произнесеме за себе, ние одлучуваме и за иднинанта на помладите генерации –  дали тие ќе ги ползуваат истите  придобивки како нивните европски врсници?!  Во ова изјаснување,  сепак, најважен е ставот и на самите млади. Оттука и мојот апел до нив е токму тие масовно да се вклучат, да излезат и гласаат за себе и за својата иднина.

Поздрав до слатките млади , YOUTH KNOWS NO PAIN.

Ана Чупеска

Сите објави од: Колумни

#ЗачекориНапред  #изборотЕтвој