Дали со членството во ЕУ се зголемува правната сигурност на граѓаните?

Една од основните вредности на Европската Унија е владеењето на правото. Независното судство, пристапот до правда, фер судењето, отчетните власти, како и транспарентното и ефикасно носење на закони, кои се јасни и прецизни и ги штитат основните човекови права, се императив во функционирањето на ЕУ како унија, но и на секоја земја членка поодделно.

Искуствата на земјите членки покажуваат дека со пристапувањето во ЕУ расте правната сигурност на граѓаните. Во соседна Бугарија е забележан раст на довербата на граѓаните во судскиот систем од 33 % пред влезот до 43 % по влезот во Унијата, што се должи на ефективното управување со судската професија врз основа на заслуги и на интегритетот обезбеден од Вишиот судски совет на Бугарија. Воедно, со пристапувањето во ЕУ значајно се зголемува материјалниот и човечкиот капацитет на истражните органи, што ја зголемува ефикасноста на правосудните органи и води до оживување на владеењето на правото. За релативно краток период по пристапувањето во Европската Унија, Бугарија, во согласност со измените во правосудниот систем, бележи драстична промена во капацитетот на истражните органи кои се задолжени за предистражните постапки.

Сите објави од: Владеење на право

#ЗачекориНапред  #изборотЕтвој