Каква е соработката на земјите членки на НАТО?

Покрај основната соработка, која подразбира комуникација заради креирање на заеднички планови за заедничка одбрана, членките соработуваат и на политички и економски план, односно имаат и невоена соработка, што значи дека соработката не се сведува само и исклучиво на безбедноста и одбраната. Членките ја координираат комуникацијата и во воспоставување на инфраструктура, како и на основни инсталации и установи кои се неопходни за да се овозможи дејствување на воените структури, но и склучување на договори за заеднички програми за обука и увежбување.

Сите објави од: ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА НАТО

#ЗачекориНапред  #изборотЕтвој