Како одлучуваат земјите членки на НАТО?

Одлуките се носат во Северноатлантскиот совет, кој се состои од постојани претставници од сите земји членки, кои се состануваат најмалку еднаш неделно, и кој има ефективна политичка власт и моќ да донесува одлуки.

НАТО функционира според принципот на еднаквост (една земја ‒ еден глас). Сите земји членки на НАТО имаат подеднакво право да ги искажат своите погледи во Советот. Одлуките се израз на колективната волја на владите на земјите членки до кои се доаѓа по пат на заемен консензус.

Сите објави од: ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА НАТО

#ЗачекориНапред  #изборотЕтвој